Над 2,5 милиони евра субвенции за земјоделците од охридско-струшкиот регион
На земјоделците од охридско-струшкиот регион годинава ќе им бидат исплатени повеќе од 2,5 милиони евра за субвенции, објави вчера премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
На народниот собир пред охриѓани, Груевски истакна дека земјоделците од овој регион изминатите години добиле над 15 милиони евра субвенции.
- Продолжуваме понатаму, со други планови и идеи кои ги развиваме за тоа како да му се помогне на Охрид и на целиот регион, рече Груевски во Охрид.
Оцени ја веста
26.04.2015 - 11:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа