Талевски даде отчет за сработеното

 

Градоначалникот на Битола Владимир Талевски на денешната прес-конференција информира за реализираните проекти во изминатите 70 дена.

- Во индустриската зона Жабени, условите што ги создававме веќе неколку години ни донесоа одлични резултати. „Кромберт и Шуберт“ ја изгради својата фабрика и досега има 580 нововработени наши сограѓани. Планот е до крајот на годинава да се вработат 1.000 лица, следната година уште 1.000 и во 2015 година уште околу 500, или околу 2.500, рече Талевски.

Посочи дека деновиве очекуваат да побараат одобрение за градба уште неколку инвеститори, а градежното претпријатие Пелистер и Јури градат два големи комплекси на станови. 

- Најавивме најмалку 100 улици во следниве четири години. Првите 25 се во различна фаза на реализација. Планираме уште четири нови кружни тека, рече Талевски.

Тој истакна дека е завршен Скејт паркот, инвестираат во Зоолошката градина, во тек е реконструкција и обнова на киното на браќата Манаки, почната е изградбата на Црн мост... Најави подземни гаражи, тринови детски градинки, реконструкција на основните училишта, во завршна фаза е Домот за стари лица „Сју Рајдер“, со помош од Европската банка се работи на подобрување на водоснабдувањето во руралните средини, се санира големата спортска сала...

ФОТО: Фактор

најчитано сега