Исчистени дивите депонии во Велес

 

Општина Велес и Јавното комунално претпријатие „Дервен“ спроведоа акција за чистење на дивите депонии во градот.

Дуњамин Мехмед од општинската прес-служба денеска информира дека во акцијата биле собрани 123 метри кубни отпад од неколку локации од градот.

- Во изминатите денови собран е отпадот од патниот правец Велес-Башино Село, зелениот појас во близина на Топилницата, позади паркингот на локалната библиотека „Бели Мугри“ и позади колективните станбени објекти на улицата „Димитар Влахов“, истакна Мехмед

Собран е сметот од дивата депонија од таканаречениот брег до амбуланта „Панче Васков“ и  од улиците „Партизанска“, „Димитар Влахов“ и „Петре Прличко“, како и позади гаражите на „Парк Каршијака“.

- Иако состојбата со дивите депонии од година во година се подобрува, Општина Велес апелира до сите граѓани соодветно да постапуваат со отпадот кој го создаваат. Во општината обезбедени се сите предуслови за тоа - постоење на депонија за земја, шут и друг градежен материјал и достапна услуга за собирање и транспортирање комунален, комерцијален и индустриски неопасен отпад од страна на ЈКП „Дервен“, потенцира Мехмед.

Тој најави дека од 1 мај во велешкото село Бузалково се воведува услугата за собирање и транспортирање комунален отпад.

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега