Дебаклот на опозицијата во Центар покажа дека поддршката за Заев и СДСМ не расте

 

Опозицијата и градоначалникот на општина Центар доживеаја тежок дебакл и неуспех на референдумот кој се одржа вчера. Над 60 проценти од гласачите не дадоа поддршка за референдумското прашање на Жерновски што јасно говори што мислат граѓаните за работата на СДСМ и градоначалникот на Центар.

Дури и при никаква кампања од страна на ВМРО-ДПМНЕ, наспроти жестоката на СДСМ за референдумот, резултатите од истиот покажуваат дека во изминативе две години поддршката на граѓаните кон Жерновски и СДСМ не расте. Резултатите покажуваат дека во главното упориште на СДСМ, Центар, нема подобрување на нивната поддршка. Практично бројот на гласови на овој референдум е ист со гласовите на локалните и претседателските избори кои ги добија СДСМ, што пак покажува дека никој не им ги украл гласовоите, како што тврдеа. Со ова тие воедно дадоа потврда и ги признаа резултатите од претседателските избори.

По ваквиот тежок пораз, може само да се замисли колку помала ќе беше поддршка, а поголем дебаклот на СДСМ доколку референдумот беше организиран на ниво на град Скопје. Штом СДСМ во Центар немаат поголема поддршка од онаа пред една година, според експерите, јасно е дека не може да се надеваат на поголема поддршка во Штип, Прилеп, Гевгелија и останати градови каде активно се градат градинки, училишта, автопати, локални патишта и останати позитивни проекти за граѓани.

Наспроти ова, Жерновски и СДСМ за спроведување на референдумот потрошија 3 милиони денари, а за медиумска и теренска кампања сигурно двојно повеќе, финансиски средства кои градоначалникот на Центар можеше да ги искористи за конкретни проекти кои им се потребни на граѓаните.

Дополнително референдумските официјални резултати ги срушија лажните анкети на агенцијата „Рејтинг“ која пред само неколку дена прогнозираше успех на референдумот, а впрочем 60% од граѓаните се одлучија да не го поддржат прашањето на Жерновски.

Според аналитичарите, ВМРО-ДПМНЕ не повика на неучество и негласење, со што покажала поголем капацитет од СДСМ која на референдумот за територијална поделба пред 10 години велеше дека некои прашања не заслужуваат одговор. И при неучеството на ВМРО-ДПМНЕ на овој референдум, СДСМ и Жерновски не успеаја да победат, што уште еднаш потврдува кое е мислењето на граѓаните и каков катастрофален дебакл ги снајде.

-Фактот дека опозицијата има свое најсилно упориште токму во Општина Центар, во која победија на локалните избори и фактот дека наметнаа референдум за прашање за кое многу граѓани изградија став без разлика на својата партиска припадност, неуспехот на овој референдум е силна и јасна порака не само на граѓаните на Општина Центар, туку од сите, дека нема да дадат поддршка на сценарија и политичка злоупотреба која нема никаква конкретна позитивна цел за самите граѓани, изјави вчера вечерта Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Официјалните податоци за дебаклот на СДСМ и Жерновски јасно покажуваат што би се случило доколку на пример се распише референдум за булеварите и позитивните проекти, ако СДСМ за прашањето за кои ВМРО-ДПМНЕ беа најнапаѓани доживува ваков дебакл.

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега