Заборавете на Африка - тајната за настанокот на човекот се крие во Источна Македонија

Македонски научници и палеонтолози укажуваат дека на локалитетот Стамер кај Делчево на истокот од Македонија, се наоѓа тајната за настанокот на човекот и алката на еволуцијата која до ден денешен не била пронајдена. На тоа место е откриена една праисториска масовна гробница на животни. Фосилите на праисториските животни стари повеќе од 10.000 години, кои денес живеат само во Африка, се пронајдени во близина на градот Делчево. Тука пред седум години се пронајдени скелети на првите жирафи во Европа, остатоци од мастодонти, и тигри како и питеринска фауна. На оваа локација во март се откриени фосилни остатоци на праисториски носорог стари од три до пет милиони години. Последната ледена доба настапи пред околу два милиони години. „Со откриените коски на носорогот, го завршуваме научното истражување за оваа година на локалитетот Стамер. Се надевам дека во наредниот период нашата институција ќе добие повеќе пари за понатамошно истражување“, изјави Ивица Здравков од Природно научниот музеј на Македонија. Праисториската гробница во близина на далечното село Стамер случајно во март пред седум години ја откри рударски инженер Љубе Митевски, кога по ерозија на земјиштето на површина се појавија коски на праисториски животни. Тогаш на светлоста на денот пред очите на јавноста и науката беа изнесени фосилни остатоци и коски од жирафа, мастодант, тигри, а денеска и делови од праисториски нососорог. За откритието на инженерот Митевски први се заинтересираа светски познатиот палеонтолог од Македонија, професор доктор Ристо Гаревски. На основа на староста на животинските остатоци, тој заклучи дека на овие простори можат да се најдат докази за неколку студии за еволуцискиот континуитет и развој на човекот, кој одговара на тој период, а не и е познат на светската наука. Неговите претпоставки ги потврдија палеонтолозите Денис Жерард, од Националниот центар за научно истражување во Париз и Николај Спасов од Природно научниот музеј од Бугарската академија на науките. Тие се согласни дека се работи за единствена масовна гробница со фосили од големи праисториски животни за прв пат откриени во Европа. „Научната вистина е дека животните кои ги среќаваме во Африка, водат потекло од нашите простори. Слична судбина доживеал и праисторискиот човек, па затоа со право очекуваме дека ќе ги пронајдеме остатоците од прачовекот од периодот од неговото оддалечување од човеколикиот мајмун“, верува Светозар Петковски од Природно научниот музеј на Македонија. Тој објаснува дека поради промената на климата во изминатите неколку милениуми овие животни се преселиле на југ во топлите краеви.

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега