Ефтов: Неуспешниот референдум во Центар сериозен удар за политиката на СДСМ

Неуспешниот референдум во Центар е сериозен предизвик, да не речам удар за политиката на СДСМ, бидејќи таа успеа само за 400 гласа во однос на вториот круг од претседателски избори, да го зголеми резултатот во општина Центар, тоа е одвај 2.5 проценти, рече новинарот Васко Ефтов при вчерашното гостување во Дневник плус на Канал 5.

-Вчера имавме неуспешен референдум со солидна излезност од 40 проценти. Дел од оние кои се појавија на референдумот беа и луѓе кои што се сентиментално врзани за ГТЦ не беа само членството на СДСМ, кои што дојдоа да гласаат за автентичниот изглед на ГТЦ. Сепак изгледа 15-6 илјади луѓе, толкава е силата на опозицијата во Центар, во општината каде што добија градоначалник, рече Ефтов. 

Ефтов смета дека ова е сериозен удар за опозицијата бидејќи и покрај сите “бомби“ на опозицијата нивниот резултат во општина Центар е минорен.

- „Прво јас им честитам на граѓаните, бидејќи бројка од 41 отсто во еден ден како што е недела, без некоја посериозна кампања на власта е убава бројка. Што значи дека граѓаните го положија тестот на демократијата, но сепак ова е сериозен предизвик да не речам удар за политиката на СДСМ, бидејќи таа успеа само за 400 гласа во однос на вториот круг од претседателски избори, да го зголеми резултатот во општина Центар, тоа е одвај 2.5 проценти. Што значи дека на сите тие силни “бомби“ не успеа да го зголеми изборниот резултат во општина Центар и треба да се направи анализа зошто е тоа така“, изјави Ефтов.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега