Северина остана без глас

Популарната хрватска пејачка Северина неделава поради воспаление на грлото и гласните жици имаше потешкотии да во зборувањето и во пеењето пренесуваат тамошните медиуми. Пејачката поради честите настапи кои ги има секој ден и настрадаа гласните жици. Таа минатиот викенд имаше концерт во Словенија па откако се консултирала со својот доктор ги откажа понатамошните настапи. Нејзините фанови се надеваат на брзо закрепнување и незаборавни концерти со нивната омилена пејачка. 

најчитано сега