ЕВН Македонија ја доби Националната награда за безбедност и заштита при работа

По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 Април, Македонското здружение за заштита при работа ги додели националните награди за компаниите кои ги спроведуваат најуспешните практики во оваа област. 

Националната награда за добра пракса на безбедност и заштита при работа  за 2014 година доби ЕВН Македонија. 

- Животите и здравјето на вработените се највисок приоритет на ЕВН Македонија. Затоа постојано работиме на унапредување на процесите за заштита и безбедност при работа. Задолжителната примена на правилата за работа, најсовремената опрема за заштита на работниците, едукацијата на вработените и постојаниот процес на тренинг и контроли придонесоа да се намали значително бројот на несреќи при работа, изјави Игор Гиевски член на УО на ЕВН Македонија. 

Според него оваа награда е потврда на нивните заложби, но и докаж дека се во вистинска насока на остварување на целта, заштита на вработени при изведување на работните задачи. 

Тема на овогодинашното одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа беше „ Вклучи се во градење култура за превенција за безбедност и здравје при работа“. Беше претставен и Годишниот извештај за несреќи при работа во Македонија за 2014 година.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега