Останаа уште два дена - следува продолжен викенд

По Велигденските празници кога четири дена одморивме од работните обврски и уживавме со најблиските, следува уште еден продолжен викенд и многу неработни денови.

Денот на трудот 1 мај (петок) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Министерството на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот.

Со оглед дека неработниот 24 мај „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители е во недела, неработен ќе биде и 25 мај (понеделник), што значи уште еден подолжен викенд во мај за сите граѓани на Македонија. По три дена работа, православните верници добиваат уште еден неработен ден – петок, 29 мај кога е Духовден, петок пред Духовден.

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега