Станете дел од нешто уникатно - танцовиот клуб „Сонриса“ подготвува невиден спектакл

Оваа година танцовиот клуб „ Сонриса “ подготвува настан под името „Хола Охрид“ кој ќе ја одбележи оваа 2015 година на танцовата сцена. Имено за сите што не знаат, танцовиот клуб „ Сонриса “, постои веќе 3 години, активно се занимава со предавање на кубанската култура и танци најпознат од нив е Салсата. После долгогодишните посети и учества на голем број семинари надвор од нашите граници,како во Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Тунис и многу други  главните чувари на овој клуб Нина Лековска и Димитар Мишев, одлучија таа енергија да ја презентираат и на наши простори.

„ Хола Охрид “ ќе биде фестивал од танцов карактер кој ќе ги опфаќа кубанските танци како Салса, Регетон, Румба, Оришас и уште многу други. Градот кој ќе биде престолнина за овој настан е Охрид. Енергијата што ја крие овој град е погодена за фестивал од ваков карактер. За „ Хола Охрид “ да биде уште по возбудлив и пооргинален, организаторите ги договорија најпознатите Кубански танчари од кубанската сецна и најдобрите Балканци танчари од нашите простори. Имињата на овие изведувачи како и  сите останати информации и промоции следете ја „ Хола Охрид“  ФБ фан страна. За сега ги имаат објавено кубанските инструктори Фреди Клан и Соланж Фернандез, ќе следуваат уште многу и од ден за ден ќе бидат објавувани.   Повелете линк од ФБ фан страната на „ Хола Охрид “  и станете дел од нешто што ќе биде уникатно и запамтено на културната сцена во Македонија. 

 https://www.facebook.com/holaohrid?fref=ts4

 

Интересот за „ Хола Охрид“ од ден на ден се згоемува, а интересно е тоа што на овој фестивал сакаат да учествуваат и луѓе кои не се танцово образовани. Поради оваа причина танцовиот клуб „ Сонриса “ отвора и нови курсеви за Салса Кубана. На тој начин сите што ќе се пријаваат во таа група ќе бидат спремни пред овој голем фестивал, и ќе можат да танцуваат на подиум со најголемите Кубански имиња. Сите подетални инфомрации за новите групи проследете ги на ФБ фан страната на „ Сонриса “.

 https://www.facebook.com/TancovKlubSonris?fref=ts

 

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега