Лицемерие: Цело СДСМ гласало за законот за следење на комуникации кој Заев денеска го скандализираше

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денес објави материјали со кои се обиде да го скандализира носењето на законот за следење на комуникации.

Заев очигледно сакаше да ја изманипулира македонската јавност, но фактите по којзнае кој пат го демантираат опозицискиот лидер.

За законот за следење на комуникации гласаа најблиските соработници на актуелното и минатото раководство на СДСМ.

За законот гласале Радмила Шекеринска, Тито Петковски, Наташа Савова, Игор Ивановски, Сафет Бишевац, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Весна Бендевска, Митре Велјановски.

Законот е усвоен со двотретинско мнозинство со 94 гласа, а СДСМ велеше дека тој е во склад со европските стандарди. За истиот, во македонското Собрание се гласало на 13-ти септември 2012-та година.

Овој чекор на Заев е големо лицемерие бидејќи тогашните пратеници на СДСМ гласале ЗА, да се донесе овој закон и го поддржале истиот.  

ЕВЕ КОИ ПРАТЕНИЦИ ГО ПОДДРЖАА НОСЕЊЕТО НА ОВОЈ ЗАКОН:

 

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега