Ако го закачивте новиот вирус на Viber еве што треба да направите

Доколку веќе ја добивте пораката која шири вирус на Viber и не сте кликнале на линкот кој ви е испратен, тогаш добро сте постапиле. Станува збор за вирус кој се шири на тој начин што ако го кликнете линкот кој ве повикува да погледнете видео на кое сте снимени наводно вие во вашиот телефон ќе навлезе малициозен софтвер кој потоа истите пораки преку број кој нема македонски префикс ќе им ги испраќа на сите од вашиот именик.
Затоа, најдобро е веднаш штом ќе ја добиете пораката да ја игнорирате и да ја избришете.
Доколку сепак сте го кликнале линкот, не е толку страшно. 
Влезете во броусерот (пребарувачот) преку кој што ви е наместено отворањето на линковите. 
Одете на копчето за да влезете во нагодувањата.


Изберете нагодувања за приватност,

па потоа одете на опцијата биршење на сите податоци.


Селектирајте колачиња и кеш, избришете и готово.

 

 

Подесувањата се направени на Samsung кој работи на Android. Слични се и на останатите модели кои работат на истиот оперативен систем

 

 

Оцени ја веста

28.04.2015 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега