Секоја недела во друг град - „Купи куќа, купи стан“ утре во Прилеп
Карванот „Купи куќа, купи стан“, утре ќе биде во Прилеп. Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании ќе одржат презентација на проектот.
Настанот, на кој присутните ќе може да се информираат како да аплицираат за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и плацеви за куќите, ќе се одржи во Општината во 17 часот.
Карванот продолжува секоја недела во различен град. Предвидено е да ги посети и Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.
Оцени ја веста
29.04.2015 - 14:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа