Ќе одмориме три дена - кои се неработни денови до крајот на годината?

По Велигденските празници кога четири дена одморивме од работните обврски и уживавме со најблиските, следува уште еден продолжен викенд и многу неработни денови.

Денот на трудот 1 мај (петок) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Министерството на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот.

Со оглед дека неработниот 24 мај „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители е во недела, неработен ќе биде и 25 мај (понеделник), што значи уште еден подолжен викенд во мај за сите граѓани на Македонија. По три дена работа, православните верници добиваат уште еден неработен ден – петок, 29 мај кога е Духовден, петок пред Духовден.

Ова се останатите празници до крајот на годинава:

• 17 јули (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

• 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден
• 08 септември (вторник), Ден на независноста
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден
• 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (недела), Празникот на сите светци
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 24 септември (четврток), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 23 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега