Со повеќе од 50 настани ќе се прослави 65 роденден на ЕУ во Македонија

Со повеќе од 50 настани во Скопје и во повеќе градови низ Република Македонија годинaва ќе се прослави 65-от роденден на ЕУ, информираа денеска на прес-конференција eвроамбасадорот Аиво Орав, вицепремиерот задолжен за евроинтеграциите Фатмир Бесими и претседателот на Европското движење Милева Ѓуровска. 

Одбележувањето на 9 Мај-Денот на Европа, во организација на Делегацијата на ЕУ во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Европското движење, амбасадите на земјите-членки на ЕУ и други локални институции е со цел им го приближат процесот на европска интеграција на граѓаните.

Денот на Европа 2015 ќе биде прославен на многу начини вклучувајќи го и традиционалниот настан Денот на европското знаме, Скопскиот маратон, Европскиот хепенинг во Скопје, како и бројни дебати, предавања, натпревари, културни настани и локални прослави кои ќе се одржат низ целата земја. Над 200 студенти, предвидено е да дебатираат на ДУТ во Тетово, средношколците да учествуаат во повеќе настани на Филозофскиот факултет во Скопје.

ЕУ Инфо мрежата - ЕУ инфо точките во општините Дебар, Охрид, Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Велес, ќе организираат хепенинзи за Денот на Европа со цел да се прослави европската идеjа на локално ниво.

Автобусот на ЕУ, оваа година повторно ќе патува низ земјата и ќе ги посети следните села: Порој, Кривогаштани, Чегране, Конче, Черкези, Негорци, Петровец, Пласница, Облешево и Просениково. На 15-ти мај сите амбасадори од земјите-челки на ЕУ ќе бидат присутни во ЕУ автобусот во село Конче.

 

 

Оцени ја веста

30.04.2015 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега