Прашања кои треба да ги поставите на родителите пред да стане предоцна

Кога неговиот татко ненадејно починал од срцев удар во 2004 година, Австралиецот Мајкл МекКвин имал само 22 години и сфатил дека за него многу малку знае.

Но, случајно го нашол дневникот на својот татко Бил во кој пронашол многу анегдоти кои го расплакале, насмеале, но и инспирирале.

Денес овој 33 годишен човек од Сиднеј се обидува да ги инспирира другите родители да ги забележат своите сеќавања и да се погрижат нивните приказни и она што го научиле да го поделат со помладите генерации.

Токму затоа покрена Histography, онлајн алатка која на луѓето ќе помогне да се сетат за некои важни настани од својот живот, а тука се и топ пет прашања кои луѓето сакале да ги постават на членовите на семејството кои починале.

1. За што најмногу жалиш? 
- Претпоставувам дека постои некоја мудрост која можете да ја извлечете од одговорот на ова прашање бидејќи луѓето ќе го согледаат својот живот и ќе размислат за тоа што можеле да направат поинаку. Посебно кога се работи за постарите луѓе.

2. На што сте се надевале и за што сте сонувале како деца? 
- Тоа е прашање кое најчесто ви ги поставуваат вашите родители, но малкумина ова прашање го поставуваат на родителите.

3. Кои промени би сакале да ги видите во следните десет години? 
- Дали тие се промениле или се променил животот? Со одговорот на ова прашање ќе дознаете што размислуваат и за што навистина се залагаат. Исто така, можете да дознаете што од тоа треба да се пренесе на младите генерации. Ако се работело за нешто што навистина им било примарно, можете да станете дел од промената, а тоа е посебно.

4. Што е најбунтовно што сте го направиле во младоста? 
- Постарите членови на семејството често не можеме да ги замислиме како деца или адолесценти, а ова прашање би ни помогнало во тоа.

5. Го памтиш ли првиот бакнеж?
- Се работи за нешто поопуштено прашање. Луѓето можат да се поврзат со тоа прашање и тоа може да ви помогне да се зближите и притоа да научите многу за тоа какви биле во кога биле млади.

Но, ова е само дел од прашањата, а Мајкл додава дека тој имал среќа бидејќи неговиот татко зад себе оставил нешто на што тој и по многу години, често се навраќа.

- Благодарение на оваа страна ќе забележите нешта кои инаку нема да ги забележите, а генерациите што доаѓаат од тоа ќе имаат корист – вели Мајкл и додава дека постарите често мислат дека никој не сака да ги слуша нивните приказни, но додава и дека би се изненадиле колку грешат во тоа.

- Не се работи за нешта за кои зборувате на маса, но убаво е да има нешто на што ќе се навратите. За жал, тоа најчесто се случува кога е веќе предоцна и кога вашите родители повеќе не се тука да ви дадат одговор на тие прашања – вели Мајкл за 200 прашања на кои на страницата родителите даваат одговори. 

 

 

Оцени ја веста

02.05.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега