СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Почна 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што денеска и утре се одржува во Куманово под мотото „Силна Македонија“.

На Конгресот 560 делегати треба да изберат нов лидер на партијата што ќе ја предводи во следниот четиригодишен мандат, а до вчера до 15 часот кога заврши рокот, единствен пријавен беше актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски.

На 15. Конгрес на владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе се претстави визијата на партијата за следните четири години која, ветува стабилност, работни места, инвестиции, доверба и перспектива за граѓаните.

Се очекува утре лидерот и премиер Груевски повторно да биде реизбран и да го добие четвртиот четиригодишен мандат во кој ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски за лидер првпат беше избран на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид во 2003 година кога противкандидат му беше Марјан Ѓорчев. 

]Настанот може да го проследите на следниот линк

 

 

Оцени ја веста

02.05.2015 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега