Деветгодишно девојче изгоре во пожар во Скопје

На 01.05.2015 година околу 23,30 часот на ул.„Емин Дураку“ од засега непознати причини избувнал пожар во стан, во кој како последица од опожарувањето починало  деветгодишно девојче. Со телесни повреди се здобиле четири лица и истите се пренесени во ГОБ„Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Пожарот е локализиран и од страна на СВР-Скопје извршен е увид, земен е предметен материјал и истиот е даден за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

Оцени ја веста

02.05.2015 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега