Нови 20.000 работни места со проектот „Македонија вработува“

 

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот 15. Конгрес на партијата кој се одржува во Куманово истакна дека со новиот проект „Македонија вработува“ ќе се отворат нови 20.000 работни места.

-Новиот проект Македонија вработува, кој е наменет за вработување на лица од различна возраст преку ослободување од плаќање персонален данок и социјални придонеси во перидот од ти до пет години, што ќе ги мотивира компаниите да вработат нови лица и да го зголемат производството се проценува дека за една година ќе се отворат нови 20.000 работни места само од оваа мерка, истакна Груевски.

Тој додаде дека во изминатите 4 години од огромна помош за домашните компании беа обезбедените поволни кредити од надворешени извори со субвенционирана камата, кои во најтешкиот кризен период, преставуваа главен извор на кредитирање на сите компании.

 

 

Оцени ја веста

02.05.2015 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега