Сончево со мала до локална облачност
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 22 до 29 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 26 степени.
Од понеделник до четврток времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Во вторник и среда дневната температура ќе биде над просекот во овој период од годината и во поголем дел од земјава ќе надмине 30 степени.
УВ-индексот ќе биде 7.
Во четврток попладне се очекува промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа