Груевски: Годишно 20 милиони евра за инвестиции во водостопанската инфраструктура

Годишно се издвојуваат по 20 милиони евра за инвестиции во водостопанската инфраструктура, а донесен е план за инвестиции во следните 10 години во висина од 200 милиони евра. Ова  го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски во обраќањето на 15. Конгрес на партијата, кој се одржува во Куманово.

Посочи дека се изградени  24 мали хидроцентрали, во фаза на градба се 20, останатите 22 се во фаза на одобрение за градба, а донесени се одлуки за концесија на нови 34 мали.

 - Во Суводол се утврдија геолошки резерви од 55.000.000 тони јаглен и дека се очекува почеток со експлоатацијата кон средина на 2015 година. Се овозможија скорешни отворања, во наредните година до две, на рудниците Иловица во Боилево, Стогово, Тајмиште кај Кичево, Казандол кај Валандово, нов дел на Саса, и повеќе други, додаде Греувски.

 

 

Оцени ја веста

03.05.2015 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега