Ја влечел за коса и ја мавал со боксови - скопјанец ја претепал сопругата

СВР Скопје поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против Љ.Б.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „Телесна повреда при вршење семејно насилство“ и „Загрозување на сигурноста“. Од страна на Судија на предходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Имено кривичното дело го извршил на 20.04.2015 година во семејниот дом, на тој начин што по претходна вербална расправија со сопругата, истиот и се аканувал и во два наврати без повод и причина физички ја нападнал и при тоа ја влечел за коса,  ја удирал со боксови и клоци во пределот на главата и телото, потоа ја турнал врз стаклена маса и ја удирал од истата, по што зел пепељара и ја удрил во пределот на грбот и нанесувајќи и расекотина. Оштетената со возило на Брза помош била однесена во ГОБ „8-ми Септември“ каде што и била укажана медицинска помош и и биле констатирани телесни повреди.

 

 

Оцени ја веста

03.05.2015 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега