Дали навистина користиме само 10 отсто од мозокот?

Како е родена теоријата за тоа дека луѓето употребуваат толку мал дел од овој витален орган и дали во неа има вистина?

Научниците, сепак тврдат дека луѓето го употребуваат секој дел од мозокот.

Ако ги оставиме сите докази за тоа на страна и интуитивно наведема дека 90 отсто од мозокот воопшто не го користиме, тогаш оштетувањата на тие делови кои се 90 отсто не би оставале никакви последици по човекот. Всушност оштетувањето на кој било дел од мозокот, дури и многу мал дел, може да има многу сериозни последици по човекот, барем за кус период. Понатаму, имајќи ја предвид количината на ресурсите кои мозокот ги црпи од телото, ако 90 отсто од мозокот е бескорисен, тоа би се покажало како неверојатно уништување на ресурсите.

За поконкретни докази, да ги земеме мозочните скенирања со помош на ПЕТ и ФМРИ технологијата, кои ни покажуваат дека дури и додека спиеме, секој дел од нашиот мозок покажува барем ниска количина на активност, а поголемиот дел од мозокот е активен во секој момент. До денес се спроведени многу истражувања на мозокот за подобро да ја сватиме функцијата на неговите различни делови. Ниту едно подрачје не е забележано како бескорисно, иако многу од функциите сеуште не се целосно сватени. Од каде тогаш потекнал овој мит? Постојат неколку можни извори, иако никој не знае точно. Најчесто наведените извори се харвардските психолози Вилијам Џејмс и Борис Сидис и нивните теории за резервна енергија од доцниот 19 и почетокот на 20 век.

- Користиме само мал дел од нашите можни ментални и физички ресурси – пишува Сидис. Тој дури ги тестирал своите теории на својот син Вилијам Сидис, кој бил чудо од дете и во тоа време бил сметан за најпаметно човечко суштество земајќи го предвид неговиод IQ како релевантен.

Меѓутоа Борис Сидис самиот ги отфрлил тестовите за мерење на интелигенцијата како откачени, педантни, апсурдни и многу погрешно сватени. Теоријата за резервна енергија подоцна ја сумирал Лауел Томас на: Просечно лице развива само 10 отсто од својата латентна ментална способност, што секако во еден момент во популарната култура било означено како Користиме само 10 отсто од својот мозок.

Поради што митот станал толку популарен, многу лесно може да се свати, бидејќи луѓето ги привлекуваат таквите идеи. Секој би сакал природно да користи само 10 дел од потенцијалната мозочна моќ, бидејќи тоа би значело дека ако на некој начин можат да отклучат барем дел од останатите 90 отсто, можат да бидат Ајнштајнови научници наследници или дури да развијат телекинетичка или видовита моќ, како што тоа Холивуд често го прикажува.

Дури и денес, многу книги за самопочит и семинари се посветени на тоа како да ги искористиме тие мистични останати 90 отсто. На крај, подобро ни е да го искористиме времето и парите за понатамошно развивање на наводните 10 отсто кои веќе ги користиме. 

 

 

Оцени ја веста

03.05.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега