Груевски: Работам да и помогнам на мојата земја и мојот народ

 

Јас не се нафатив за оваа работа за некој да ми каже фала, туку за да и помогнам на мојата држава и на мојот народ, многу повеќе од било која друга политичка опција.

Ова на 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Куманово го истакна премиерот Никола Груевски кој истакна дека не очекува никој да му каже фала.

-Не само што нема да ми кажат фала, туку многумина ќе ме мразат затоа што не си реализирале некоја нереална лична амбиција, а вината не ја бараат кај себе туку кај мене.  Во минатото сум бил незадоволен и сум го коментирал тоа. Во 2006-тата заедно со вас почитувани сопартијци, ја побарав шансата од граѓаните да покажам дека може и поинаку и далеку подобро. И сите ние заедно покажавме. Тоа е нашата, тоа е мојата сатисфакција. Работам по 12 до 15 часа секој ден, но си одам исполнет заради реализираните замисли за напредок и прогрес. Делата кои ги правиме и се гледаат и чувствуваат, реформите кои ја менуваат реалноста, опремата во здравството која спасува животи, новите фабрики и новите работните места кои ја враќаат насмевката кај луѓето, се мојот приклучок во струја која ме полни со енергија да продолжам да работам, потенцираше Груевски/

 

 

Оцени ја веста

03.05.2015 - 14:55
Фото: 
03.05.2015 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега