Ќе се гради експресен пат од Градско до Прилеп

 

Покрај повикот за концесионер за патот Кичево Гостивар, обезбедивме финасиска конструкција за оваа година да почне изградбата на експресниот пат со четири ленти Градско- Прилеп, истакна премиерот Никола Груевски на 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Тој посочи дека ист таков пат ќе се гради од Штип-Кочани, Охрид- Пештани, а следната година и Ранковце-граница со Бугарија и Штип Радовиш.

-Ова и уште поголем број градби и реконструкции на помали патишта кои се во план, ќе даде дополнителна енергија на градежниот сектор, кој сигурно ќе ја зголеми вработеноста, а долгорочно овие патишта ќе влијаат на развој на економијата, истакна премиерот.

 

Груевски посочи дека во енегетиката ќе продолжи развојниот циклус на повеќе проекти, кои исто така ќе продуцираат развој и вработувања.

 

 

Оцени ја веста

03.05.2015 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега