Груевски: Наша обврска е квалитетот на образованието
Квалитетот на образованието во Република Македонија ќе остане приоритет за ВМРО-ДПМНЕ и Владата и во иднина, потенцираше Никола Груевски во своето обраќање на 15.Кумановски конгрес откако беше реизбран за претседател на владеачката партија.
Во развиените, успешните држави, економски силни, со квалитетна и образована работна сила не се води никаква дискусија за тоа дали оценките на факултет треба да се добијат со учење или не. Во таквите земји нема средношколски протести кои во 21.век бараат матурскиот испит да не го полагаат електронски.
Како што потенцираше Никола Груевски, Македонија имаш уште многу да изоди, но мора да го направи тоа, доколку не сакаме да останеме само работници по текстилни фабрики или невработени лица, а со завршен факултет.
Осврнувајќи се на протестите на средношколците, Груевски изрази разочарување, пред се од оние родители кои застанаа зад своите деца поради спротивната политичка опција, а не поради убедувањето дека тие се во право.
- Наша обврска и незавршена работа е квалитетот на образованието. Затоа изразив разочарување не толку од учениците, туку од дел од нивните родители кој кусогледо застанаа зад децаата, демек да не им се мачат со математиката, а тоа што со вакви навики може да се мачат цел живот, не го гледаат. Уште на крај и виновни излеговме што сакаме да им обезбедиме поголеми шанси и поголем избор во животот. Уште повеќе ме разочараа родители кои ги подржаа протестите на децата, не поради тоа што сметаат дека е исправно нивното барање, туку поради тоа што се спротивна политичка опција од нас. Полтичките спротиставености наспроти иднината на нивните деца, вели Груевски.
Тој додаде дека е разочаран и од оние кои преку проверка на знаењето преку државниот испит сакаа ги натераат да научат барем за 6, бидејќи токму на нив ќе им треба тоа знаење. Груевски воедно потенцираше дека математиката го развива мозокот, ја развива логиката, рационалното размислување, или народно кажано, ги развива виугите на секој млад човек. Мозоците се нашиот најсилен ресурс, кој не се троши, туку се развива.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа