Мајката на терористот Ибриќ низ солзи раскажува: Да даде Господ вахабистите да патат повеќе од мене

Да даде Господ на вехабистите да им случи полошо од тоа што ми се случи на мене! Боже, што ми направија, плачела Халима Ибриќ, мајка на 24-годишниот терорист Нердин Ибриќ, кој пред три дена ја нападнал полициската станица во Зворник и го убил полицаецот Драган Џуриќ, а потоа и самиот настрадал во престрелка со полицијата.

 

-Син ми целосно се промени во последно време, не можев да го препознам. Заврши медицинско училиште, имаше многу пријатели, меѓу нив и Срби. Но, во последно време одеше во Дубница кај Калесија, таму се молеше, бидејќи велеше дека локалниот ефендија не го прави тоа правилно. Се дружеше со некои луѓе од Шетица, кои доаѓаа тука. Му зборував да не оди со нив. Слабо јадеше во последно време. Видов дека нешто размислува и дека е молчелив, низ солзи објаснила плачела Халима.

 

Таа тврди дека залудно го предупредувала својот син дека ќе умре, а на телевизија слушнала какво злосторство извршил.

Соседи, за српски Курир рекле дека Нердин бил тивко и повлечено момче, но дека веруваат дека сè е последица од траумите кои ги носел со себе од претходната војна, во која настрадал неговиот татко.

Неговиот роднина Рифат Рамиќ, тивко се потсетил дека се обидел да го одврати од патот по кој тргнал.

Со него имало уште еден терорист

Ибриќ со уште еден терорист дошол во црн "Голф" пред полициската станица.
Драган Џуриќ им пришол за да им каже дека не смеат тука да се паркираат, а еден од нив излегол од автомобилот и го застрелал со сачмарката. Останатите полицајци возвратиле на огнот и убиле еден од терористите, додека другиот, кој имал автоматска пушка, побегнал и вчера вечерта бил уапсен.
Имено, Ибриќ бил поврзан со екстремистот Авдулах Хасановиќ, кој до минатата година се борел во Сирија.

 

Хасановиќ вчера бил уапсен бидејќи се верува дека бил поврзан со нападот.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега