Напад врз ИВЗ: 50 лица ги завземале просториите во Скопје

Медиуми на албански јазик јавуваат дека утрово група од 30-тина влегле во просториите на ИВЗ во Скопје. Според информациите во групата се минатата недела разрешениот Скопски муфтија и генералниот секретар на ИВЗ, пренесува Либертас.
Реисот Реџепи во средата беше реизбран на седница одржана не во ИВЗ туку во Кондово а тој ги разреши од функциите Скопскиот муфтија и генералниот секретар на исламската заедница.

 

ivz

Нетрпеливоста меѓу реисот и скопскиот муфтија и неговите приврзаници трае подолго време, а ескалираше на церемонијата “Читање на куранот“ ,Поглаварот како што јавија медиумите со пцовки и навреди вербално пред сите го нападнал Скопскиот муфтија а бил спречен во обидот физички да се пресмета со него.
Финалето на оваа нетрпеливост зад која според извори во ИВЗ прчината се парите од кирии од имоти на ИВЗ е денешното влегување на сила на група од 50 тина во ИВЗ. Тие и разрешените го бараат реисот да им образложи зошто одржал тајна седница во Кондово на која незаконски се реизбрал а нив ги разрешил.
Реисот сеуште не доаѓа утрово во својот кабинет а Скопскиот муфтија кој е со другите во просториите на ИВЗ закажал итна прес конференција.
Последната информација од ИВЗ е дека наводно имало и употреба на оружје и двајца натепани во инцидентот утрово во исламската заедница. Во ИВЗ дошла и полиција за да спречи поголем инцидент.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа