ФОТО: Охрид ја менува тактитката - погледнете ги цените на оваа фискална сметка
ФОТО: Охрид ја менува тактитката - погледнете ги цените на оваа фискална сметка
Доаѓа уште еден продолжен викенд - кои се неработни денови годинава?
ФОТО: Скопјанец направи хаос на паркингот кај Детската Клиника во Козле
Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на горивата во Македонија
ГАЛЕРИЈА: Со автомобил влезе во излогот на продавница во Скопје - едно лице повредено во страшна сообраќајка
Минатите години пред стартот и во екот на летната сезона, високите цени во угостителските објекти беа топ тема во македонските медиуми. Поради тоа, редовно, охриѓани се жалеа дека имаат слаба сезона и ги обвинуваа медиумите дека им прават негативна кампања.
Но очигледно ја научиле лекцијата.
Оваа година, за првомајските празници, особено на 1 Мај , Охрид беше преполн со туристи. Тешко се наоѓаше слободно место во кафеаните, а цените, изненадувачки беа спуштени на ниво на оние во Скопје. Иако во центарот на градот се уште има неколку кафеани кои парче месо продаваат за 400 денари, сепак, општо земено, впечатокот е дека оваа година, Охрид ќе привлекува туристи и со ниски цени.
Оваа фискална сметка е од ресторан кој се наоѓа на самиот брег на Езерото кај местото Свети Стефан. Ручате речи си во водата за цени кои се навистина прифатливи за секого.
Кафе еспресо чини 40 денари, а исто толку е и една флаширана вода.
Разговаравме со персоналот и ги прашавме, дали се ова предсезонски цени, или со истите планираат да ја тераат цела сезона.
Добивме одговор дека ниските цени се најголемиот адут на Охрид престојното лето.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа