ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски се обидува да се испере од одговорноста дека на негова територија никнува дивоградба

Андреј Жерновски наместо да даде одговори на конкретните прашања и конкретната состојба, тој се обидува да се испере од одговорноста што на територијата на неговата општина никнува дивоградба. Доволно е, тој утре да дојде на базенот Плаја Виста и да види дека секојдневно таму се одвиваат градежни активности и наместо да се прекине изградбата на дискотеката, таа забрзано се подготвува да профункционира.

          Очигледно Жерновски и со оваа негова реакција потврдува дека сака да го заштити и премолчи бизнис интересот на лица блиски до него и неговата партија. Наместо да го реализира она за што добил мандат од граѓаните, тој решава да ги помага бизнисите на овие луѓе.

          ВМРО-ДПМНЕ основано се сомнева дека овие дивоградби се градат со премолчена согласност на Андреј Жерновски и дека тој свесно дозволува уништување на базенот и изградба на ноќен клуб на негово место.

 

          Што се однесува до сработените проекти со кои што Жерновски се фали, тој би требало во најмала рака да молчи бидејќи во изминативе месеци единствено што направи е што исчисти два контињера и смени бушони на неколку бандери. Како тргнал,со ова темпо ќе му требаат десетина години за да ги постигне резултатите на неговиот претходник.

најчитано сега