Тепачка меѓу затвореници во затвор- двајца мртви

Двајца мртви и најмалку дваесет повредени е билансот од тепачката меѓу  група  затвореници Албанци и државјани на арапски земји,од една и  група пакистански затвореници од руга страна во познатиот грчи затвор Коридалос.

Инцидентот се случил синоќа околу 21 часот, пренесува МИА, повикувајќи се на албанските медиуми

Групата составена од Албанци и државјани на арапски земји ги нападнале Пакистанците со рачно изработени ножеви и други тврди прдмети. Убиените затвореници, според тиранската телевизија Ора њус, се Пакистанци а уште двајца од повреднеите се во критична состојба. Повредените се хоспитализирани во болницата во Тзанеио.

 

Инцидентот се случил неочекувано за време на вечерата, но брзо состојбата ескалирала.Мотивите се уште се непознати.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега