Путин си ја отвори душата: Татко ми се онесвестуваше од глад за да имаме што да јадеме

Животот е едноставна и сурова работа. Ова го напиша претседателот на Русија, Владимир Путин, кој денес е еден од најмоќните луѓе на земјата. Тој во колумната со наслов "Животот е сурова и едноставна работа" пишувал за своето детство и тешкиот живот кој морал да го живее.

Неговиот татко отишол да служи војска, па поголемиот дел од времето тој и неговиот брат биле сами. Неговиот татко бил повреден, а мајка му често го посетувала во болница. За тоа време, братот на Путин го одвеле во Дом за деца, а потоа таму и починал што семејството го завило во црно. Токму поради тоа што неогвиот татко бил ранет добиле и стан. Храната од болницата ја давал на мајка му за да се прехранат. Владееле сиромаштија и беда...

- Не кажаа каде е погребан, тоа никогаш не го дознаа, вели Путин и додава дека дознал каде е гробот на неговиот брат пред една година.

За својата мајка пишува дека била добра и мила душа. Секогаш за време на војната велела, како може да ги мразиме германските војници, и тие се обични луѓе деца. Едноставно ги однеле на фронт...завршува Путин.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега