Битолчани направиле огромен грев

 

Две цркви кои се наоѓаат во селата Кравари и Крстоар се ограбени вечерта меѓу неделата и понеделникот. Од полицијата информираат дека непознат крадец  го пресекол катанецот од влезната врата од црквата „Св.Богородица“ во Кварави, влегол внатре и одзел метални пари во вредност од околу 2.000 денари.

Втората кражба е извршена во црквата „Св.Христофор“, во Крстоар каде крадецот  откорнал метално парче лим поставено на прозорецот и со протнување на раката го отворил, влегол внатре и одзел метални пари во вредност околу 300 денари, ланец со крст, привезок крст и магнетна белегзија, со што причинил материјална  штета од околу 1.000 денари.

 

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега