Знаете ли како да ја задоволите орално?

Верувале или не, постојат неколку типови на мажи кои се разликуваат по начинот на кој орално ја задоволуваат својата партнерка. Прочитајте и пронајдете се себеси или вашиот партнер.

Постојат 5 типови на мажи кои различно управуваат со своите вештини во оралниот секс, а кој е најдобар зависи од желбите и афинитетите на девојката. 
 
Избегнувач
 
Овој маж едноставно не е заинтересиран орално да ја задоволи својата партнерка. Има многу причини за тоа. Можеби едноставно не е великодушен љубовник, можеби е лош љубовник, а можеби има некое трауматично искуство, па сега не сака да спушти во 'јужните предели на девојката'. Во секој случај, на секој можен начин ќе проба да го избегне оралниот секс, а неговата партнерка ќе остане без едно фантастично искуство.
 
Работлив
 
Тој се фрла на интимните женски делови како да нема утре. Неговиот проблем е што не сфаќа колку е тоа лично и интимно искуство за жената со која е во кревет. Тој го прави тоа што мисли дека треба, истовремено игнорирајќи ги сигналите која партнерката му ги упатува затоа што е премногу зафатен и возбуден за она што мисли дека мора да го направи. Браво за трудот, но таков маж не знае добро да ја задоволи жената.
 
Трговец
 
Во главата на овој маж е следното - ако сакам таа да ме задоволи мене, тогаш и јас мора да клекнам и да ја задоволам неа прво. Во ред, сега ќе се спуштам меѓу нејзините нозе на две минути, а потоа ќе престанам и ќе сфати дека сега е редот таа мене да ме задоволи. Треба ли да се каже дека таквиот маж нема никого да задоволи орално, затоа што дејствува механички?!
 
Човечка играчка за задоволување
 
Кога станува збор за оралното задоволување, овој тип на мажи е врвен стручњак. Тој знае што прави - знае кога да го користи јазикот, кога усните, а кога прстите. Одлично ја познава женската анатомија, а има и доста пракса. Кога се ќе се собере, се добива вистинскиот мајстор за орално задоволување. Проблемот е што не е верен, па би требало да се припази на сексуално преносливите болести.
 
Еволуиран љубовник
 
Ова е вид кои жените го сакаат најмногу. Таков маж е повеќе од врвен љубовник и тоа се чувствува во оралниот секс. Неговата поврзаност со жената не се темели само на физичката привлечност, туку на многу подлабока материја. Таков тип на мажи многу добра ја познава женската анатомија и искрено сака да ја задоволи жената. Фокусиран е на неа и нејзиниот оргазам. Затоа кога некоја дама ќе дојде до таков тип на маж, не го менува за ништо.

најчитано сега