Самарас со остра порака до Ципрас: Престани да лажеш!

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова Демократија, Андонис Самарас ја предупреди Владата дека времето истекува и оти договорот со кредиторите треба да биде потпишан во следните неколку дена, пренесува МИА.

Самарас вчера во Брисел се сретна со претседателот на Европската комисија Жан –Клод Јункер и со други високи претставници на ЕУ.

- Пораката што ја имам за Владата е дека мора конечно да престане да лаже, да престане со користење комуникациски трикови и да склучи договор во следните неколку дена. Нема повеќе време. Пораката е јасна. Договорот мора да се потпише, истакна Самарас по средбите, пренесе МИА.

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега