Четири лица повредени во сообраќајка на автопатот Тетово - Скопје

 

Двајца возачи и двајца сопатници се полесно повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на автопатот Тетово-Скопје.

Во несреќата, според информации од СВР Тетово, учествувале автомобил „Голф 5“ со тетовски регистерски таблици, управуван од 21-годишната Х.Н. од Желино и „Голф 3“, исто така, со тетовски таблици, што го управувал 52-годишниот А.Б. од Палатица.

Во несреќата, двајцата возачи и сопатниците Ш.Н.( 44 ) и М.С.( 29 ) се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во тетовската клиничка болница, каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Тетово и се расветлуваат причините за несреќата. Вкупната материјална штета се проценува на 100.000 денари.

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега