Над 200 аеродромци си го проверија стажот преку отворениот пункт

Пред седиштето на општина Аеродром, денеска голем број граѓани беа задоволни што на брз и едноставен начин, во близина на својот дом, имаа можноста да го проверат стажот на осигурување, податоците за платените придонеси, платите и други податоци.

На пунктот над 200 граѓани само со лична карта, преку непосредна комуникација со вработени во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Агенцијата за капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Министерството за труд и социјална политика, како институции кои во соработка со општина Аеродром го реализираа проектот „Ден за вас“, извршија проверка на нивниот стаж на осигурување, како и одговори на други прашања од областа на пензиското и инвалидското осигурување.

Преку проектот „Ден за вас“ и соработката на институциите, осигурениците можат да добијат увид за тоа дали стажот им е регулиран, евидентиран и дали имаат стаж којшто им недостасува во прегледот. Исто така, осигурениците по увидот што ќе го направат на својот стаж, доколку им недостасуваат одредени периоди на стаж, ќе можат да се обратат до филијалите на Фондот каде по службена должност може да се направат потребните корекции.

Со проектот се овозможува навремено информирање на осигурениците за состојбата со стажот и платите врз основа на кои се остваруваат правата од пензиското и инвалидско осигурување, а исто така, се доближуваат овие институции до граѓаните и имаат можност тие да добијат информации и одговори на сите прашања поврзани со оваа проблематика, како и  да се заштитат нивните права како осигуреници.

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега