Црвенковски го маргинализираше Заев и сакаше да покаже кој е главен

Поранешниот премиер, шеф на државата и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски во синоќешното интервју на Телма телевизија целосно го маргинализираше актуелниот претседател на СДСМ, Зоран Заев и сакаше да покаже кој е главен и кој ја води работата во најголемата опозициска партија.

Познавачите коментираат дека оттука доаѓа и молкот кај опозициските медиуми за интервјуто на Црвенковски, како и реакциите на соросовите платеници како главниот опозициски стратег Бранко Героски кои во моментов имаат монопол врз политиките на СДСМ кој го обезбедуваат преку медиумите под нивна контрола и јавниот притисок кон Заев со ставови кои актуелниот опозициски лидер потоа мора беспоговорно да ги слуша.

Дури и најголемите поддржувачи на СДСМ го критикуваат вчерашниот настап на Бранко Црвенковски. Героски вели дека очекувал повеќе од Црвенковски.

-Го ценам учинокот на Црвенковски и ја поздравувам неговата одлука да се огласи по молкот, но од него очекував малку повеќе, напиша Героски.

Црвенковски во интервјуто рече дека “дошле на неговото“ и е задоволен што ги употребуваат неговите методи за кои тој се залагал пред две години. Црвенковски посочи дека жали што во 2013-та година не продолжил до крај со отпорот кој го започна во свое време. Тој призна дека во тоа време немал поддршка од своите сопартијци, па ги оставил сами да осетат сето тоа на своја кожа.

-Не попуштив заради притисокот од меѓународната заедница. Тој постоеше, меѓутоа не беше пресуден. Попуштив затоа што во редовите на сопствената партија не можев да ги уверам сите луѓе, или најголем дел од клучните играчи во партијата дека тоа е исправната политика, рече Црвенковски.

Црвенковски и вчера продолжи со штитењето на екс разузнавачот Зоран Верушевски, со епитети говореше за Верушевски, кој според Црвенковски бил голем стручњак и професионалец.

-Јас го знам него, сум соработувал по службена линија, мислам дека се работи за добар професионалец, за голем експерт, стручњак, кој што никогаш не бил инволвиран во партиски или политички води, рече Црвенковски во „Топ тема“.

Со ова продолжува практиката на штитење на Верушевски, со што само се отвора дилемата што е тоа со што Верушевски го задолжил Црвенковски, за поранешниот премиер и шеф на државата постојано го штити и оправдува во јавноста.

Откако Верушевски одработи за Црвенковски и според најмалку десетина изјави на луѓе блиски до СДСМ му ги предаде прислушкуваните материјали од 2001- ва, Црвенковски го награди со директорско место на ДБК во 2002- ра. Потоа, под притисок на јавноста поради штитењето на проблематичното однесување на синот на Верушевски, Црвенковски го разреши од тоа место, по што Верушевски се закани дека ќе извади компромотирачки материјали. По ова, Верушевски експресно беше префрлен со работа во македонската амбасада во Рим.

Црвенковски вчера отворено застана во заштита на Верушевски со тврдење дека прислушкуваните материјали во 2001 година кога се случи аферата „Големото уво“ му ги дал анонимен извор, со што повторно излажа, во 2001 ва говоресе дека изворите им се познати и тоа ке остане информација која нема да биде соопштена.

-Околу самата афера прислушкување „Големото уво“ која се случи на почетокот од 2001 година, да потсетам, до нас до Социјалдемократскиот сојуз по анонимен пат, од анонимен извор, беа доставени транскрипти од прислушкувани разговори. Не од политичари, туку од опозициони политичари од новинари, најчесто критички поставени спрема власта и од други јавни личности во Република Македонија. Тогаш немаше прислушкувани претставници на власта, рече Црвенковски, на што Лупевска рече:

Ако ве прашам кој ви ги даде материјалите, ќе ми кажете ли сега?

На ова Црвенковски одговори: “Беше анонимен извор“.

-Во документите што СДСМ ги има добиено од за нив познат извор, фигурираат на хартија  пренесените комплетни телефонски разговори дури и на државата, Борис Трајковски, како и на државниот јавен обвинител Ставре Џиков. Прислушкувани се и разговорите на поранешниот претседател Киро Глигоров, претседателот на Државната изборна комисија Јосиф Луковски, актуелни и поранешни министри Срџан Керим, Никола Груевски, Драган Даниловски, објавуваа медиумите во 2001-ва. 

Очигледно е дека Верушевски се уште го држи во раце Црвенковски, кој не ризикува со остри зборови против него дури и во ситуација каде има експлицитни признанија за незаконските дејства и вмешаност во мрежа за прислушкување на државниот врв  кое се одвивало во соработка со странски служби.

Црвенковски вчера со апсурдни обвинувања се обиде и да се испере за транзицијата и периодот на приватизација. 

-Зошто ме викнавте во емисија? Викнете ме во посебна емисија каде ќе разговараме за транзиција, приватизација, стечаи и сето тоа.... Се соочувам со обвинувања дека се затвориле фабриките, дека се избркани луѓето на улица. Каде да дојдам на ред да кажам дека законот за приватизација е изготвен од Никола Кљусев? Каде да дојдам на ред да кажам дека покрај таа агресивна кампања дека најкриминалните приватизации беа направени во периодот 1998-ма до 2002-ра година, рече Црвенковски.

Црвенковски заборави да каже дека комплетно со тој процес управуваше неговата влада и во тоа време останаа без работа фирми како „Славија“, „ Годел“,  „11 октомври“,  „Алумина“,  „Центро“, „Железара“, „Фас 11 октомври“ и многу други.

Над 200-илјади лица и исто толку семејства останаа без работа, се изгласаа над 600 судии во еден ден, а исто така се случија и многу афери со кои се загрози слободата и демократијата за која денес тврди дека е загрижен и е нарушена, како што се аферите на прислушкување на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, аферата „Темел“, нерасветлени убиства, 93 милиони евра потрошени пари од буџетите на СОРОС за корумпирање на медиуми и новинари, новинарската афера „Фабрика“ и многу други.

КУРИР

 

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега