Туѓите трагедии се омилена тема на СДСМ- случај „Мартин Нешковски“

По речиси 30 одржани прес- конференции, таканаречени бомби на SДСМ од кои партијата не доби од нив очекувана поддршка во јавноста, Заев и СДСМ тргнаа уште подолу. Уште еднаш да злоупотребат туѓа трагедија, смрт, за сопствени партиски цели. Тоа го правеа во повеќе наврати, било да се работи за сообраќајната несреќа на Никола Младенов, злосторството кај Смилковско Езеро или случајот Мартин Нешковски.

Денес Заев и СДСМ објавија телефонски разговори на полициското раководство и премиерот по загинувањето на Мартин Нешковски со коментар дека владата сакала да го сокрие виновникот за смрттта на Нешковски иако во телефонските разговори кои се објавени нема ниту еден доказа тоа.

Спротивно на коментарите на Зоран Заев, случајот  „Мартин Нешковски“ не е заташкан туку напротив со висока затворска казна од 14 години затвор е осуден припадникот на специјалната единица Игор Спасов. Самиот тој податок доволно кажува дека целата постапка е спроведена по закон и дека виновникот за смртта на Нешковски е откриен и осуден со казна која е една од највисоките изречени во земјава за вакви случаи.

Самите разговори според познавачите, потврдија дека највисокото политичко и полициско раководство биле сериозно ангажирани за расветлување на случајот и била спроведена сериозна истрага која резултирала со откривање на виновникот и негово спроведување пред законот. Дополнително, судската постапка која беше водена транспарентно и незавосно и која резултираше со висока затворска казна за одговорниот е доказ дека не постоеле никави интереси ниту притисоци за некакво „заташкување“ на смртта на 21 годишното момче. 

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега