Во Македонија нема од диететскиот производ опасен по живот

По добиеното известување од Интерпол и објавената тревога во 190 земји, вклучително и во Македонија, дека на пазарот се продава небезбеден диететски Health and Beauty Turmeric capsules Extra Strenght 125 mg ( препарат кој најчесто се продава во облик на прав или касула) и кој содржи 2,4 динитрофенол (DNP), а се користи за намалување на телесната тежина, Агенцијата за храна и ветеринарство по деталната контрола констатираше дека ваков препарат Health and Beauty Turmeric capsules Extra Strenght 125 mg не е ниту одобрен ниту регистриран  во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Препарат со слично име – TURMERIC 500 mg  на домашниот пазар легално се продава, станува збор за диететски производ н на Health Aid, кој е уредно регистриран и во својот состав не ја содржи  спорната супстанца  2,4 -Dinitrophenol (DNP).

-Сличноста со името на овој легално увезен препарат, кој исто како и спорниот кој најчесто се продава онлајн има жолта боја, потекнува од  куркумата која ја има во неговиот состав. Како одговорна институција, апелираме граѓаните да  купуваат одобрени диететски препарати,  од регистрирани оператори кои вршат легален увоз, а особено внимание да  обрнат при он лајн продажбите, стои во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега