Амбсадорите очекуваат излез од кризата во Македонија

Странските амбасадори се загрижени за политичката состојба во Македонија. Бараат таа да се разреши преку дијалог и посочуваат дека решението треба да го најдеме самите, оценија денеска министерот за надворешни работи Никола Попоски и вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими по завршувањето на појадокот организиран по повод Денот на Европа - 9 Мај, пренесе МИА.

- Она  што во овој момент е реалност е недостигот на политички дијалог. Најмногу услуга им правиме на тие кои не сакаат да ги почнеме преговорите. Мислам  дека на тоа поле сите оние кои не поддржуваат за интеграција  во НАТO и ЕУ ја упатуваат истата порака дека мораме ние сами со наши напори да ги надминеме тековните потешкотии, изјави министерот Попоски.

Додаде дека тоа е неопходно за да може, како што потенцира, натаму полесно да се справиме со оние потешкотии  кои ни се прават надвор  и блокадите со кои сме соочени.

Вицепремиерот Бесими посочи дека имале отворен разговор со амбасадорите и оти тие изразиле загриженост за политичката состојба во земјата.

- Очекуваат излез од оваа ситуација што поскоро и што поскоро Македонија да биде во својата патека на евроатлантската перспектива, истакна вицепремиерот за европски прашања Бесими.

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега