Во Македонија не се продава спорниот препарат за слабеење за кој алармираше Интерпол

Во Македонија не е одобрен, ниту регистриран небезбедниот диететски препарат Health and Beauty Turmeric capsules Extra Strenght кој содржи 2,4 - динитрофенол (DNP), соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Контролата е спроведена по известувањето од Интерпол и објавената тревога во 190 земји, вклучително и Македонија, дека на пазарот се продава Health and Beauty Turmeric capsules Extra Strenght од 125 милиграми, најчесто во облик на прав или капсула, а се користи за намалување на телесната тежина.

На домашниот пазар легално се продава препарат со слично име - TURMERIC од 500 милиграми. Според АХВ, станува збор за диететски производ на Health Aid, кој е уредно регистриран и во својот состав не ја содржи  спорната супстанца  2,4 - динитрофенол (DNP).

Сличноста со името на овој легално увезен препарат, кој исто како и спорниот најчесто се продава онлајн и има жолта боја, потекнува од  куркумата која ја има во неговиот состав. 

- Граѓаните да купуваат одобрени диететски препарати од регистрирани оператори кои вршат легален увоз, а особено внимание да обрнат при он лајн продажбите, апелира Агенцијата за храна.

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега