Владата на СДСМ под тепих ја стави смртта на Трајан Беќиров

Во мај 2006 година, 18 дена немаше ни трага ни глас од 16-годишниот Трајан Беќиров. Полицајците го бркале, па завршил удавен во Вардар. Остро реагираа единствено ромските невладини организации, a полицијата молчеше и ги заштити припадниците на МВР. Владата на СДСМ во целост ја игнорираше оваа тема и ја прикриваше одговорноста за убиството која воопшто не беше лоцирана.

"Молк од сите. Ниту полиција, ниту судот ниту судска медицина кажуваат од што умре нашиот Тале. Телото не го земам да го погребам додека не ја разберам вистината. Ако треба ќе чекам и 10 години", рече Езерџан Беќиров таткото на 17 годишниот Трајан Беќиров кој беше најден мртов во водите на Вардар. 

" Од судска медицина ни рекоа дека дури за 15 дена ќе го добиеме извештајот од обдукцијата. Ќе го чекам да видам што ќе кажат. Од тоа ќе зависи дали ќе повикам странски експерти да направат обдукција. Ќе чекам оти сепак ние сме државјани на оваа држава и тука треба сами се да направиме", кажа Беќиров.

Беќиров исчезна кога бегал од полициските Алфи. Дента кога се случил инцидентот Трајан заедно со неговиот другар Орхан Исени застанале да се греат на оган од запален контејнер до автобуската станица во Карпош 4. Слушнале истрели и почнале да бегаат. 

"Трајан беше напред , а јас се вратив назад. Тогаш го видов последен пат", кажуваше по настанот Исени. 

Од телото на младиот Трајан Беќиров по извршената обдукција на Институтот за судска медицина недостасувале повеќе витални органи, соопшти Мухамед Точи од Невладината ромска организација Месечина од Гостивар. Точи присуствувал на втората обдукција што ја вршел бугарскиот форензичар Георги Банков на Институтот за патологија , кога е откриено дека место мозок, во черепот на момчето имало завиткана хартија. Бугарскиот експерт утврди дека недостасува целиот мозок, недостасува еден бубрег, најголем дел од срцето, слезината..

На местото на мозокот имаше хартија - соопштија Мухамед Точи и Надир Реџепи од невладините Сонце и Месечина . За нив и за Бугаринот Банков несфатливо е зошто биле земени цели органи, а не делови за да се направат потребните анализи. Невладините организации ќе ги чекаат резултатите од обдукцијата, по што се подготвени да поднесат кривични пријави доколку тоа не го стори обвинителството. Таткото на Трајан, негира дека неговиот син бил проблематичен, за кого наводно имало досие во МВР. Нема ништо од тоа.

-Слободно проверете. Станува збор за чесно дете од чесна фамилија - рече Езерџан Беќиров.

Ова не е прв случај што докрај не е расчистен кога станува збор за Роми, соопштија овие организации и го повикаа министерот за внатрешни работи сериозно да го преиспита односот на полициските алфи и да одговори како загина младиот Беќиров.

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега