Интензивна комунална изградба во Кавадарци

Продолжува интензивната комунална изградба во општината Кавадарци во делот на асфалтирањето на нови улици, информираше денеска градоначалникот Александар Панов.  

Тој прецизира дека во рамки на втората фаза од асфалтирањето на улица „Дисанка 2“ која ја поврзува улицата „Дисанска“ со спомен костурницата во градскиот парк „Љупчо Шкартов“, се поставува нов слој асфалт во должина од 100 мети и дебелина од 7 сантиметри. 

Инаку, оваа улица која минува низ новата населба „Парк“ на источната страна од градот над градскиот фудбалски стадион, а вкупната вредност на градежните работи изнесува 1.000.000 денари.

- Со овие дополнителни 100 метри асфалт на улицата чија широчина е 5,5 метри, се создадоа комуникацијски услови за поврзување на градот со локацијата каде ќе се гради нов објект од општинско значење, додаде Панов. 

Целта е, нагласи тој, во иднина да се обезбеди и моторизиран пристап од источната, задна страна на паркот,  каде се наоѓаат и винската куќа и спомен костурницата. 

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега