СДСМ ја забошоти смртта на сведоците од атентатот врз Глигоров
Драган Гаврилов, Тања Павловска, Милорад Михајловски, Наим Лесковица, Спирос Куцурелос се дел од лицата чии убиства и сомнителни самоубиства СДСМ никогаш не ги расветли.
Мракот ги голташе сведоците и информаторите за атентатот врз Глигоров. Сомнителни убиства и самоубиства кои СДСМ никогаш не ги расчисти ја брануваа и ја брануваат јавноста долго време. Присутни се и претпоставки дека не само што СДСМ не ги расчиствуваше овие сомнителни погибии туку и ги прикриваше, а посмелите упатени говореа и дека структури од СДСМ и тајните служби под контрола на СДСМ имале и директно учество во дел од нив.
Драган Гаврилов, инспектор во МВР, кој му бил телохранител на Киро Глигоров утрото на 5 август 1997 година беше сомнително прегазен од патничкиот воз што сообраќал на линијата Кичево-Скопје на мостот на реката Лепенец во населбата Ѓорче Петров. Според тогашните изјави на семејството Гаврилови, две лица дошле во домот на Драган вечерта на 3 август и го одвеле. Тогаш се шпекулираше дека Драган бил претепан и оставен на пругата. За време на атентатот Гаврилов бил во автомобил "БМВ", кој се движел зад "мерцедесот" на Глигоров. Веднаш по одекнувањето на експлозијата Гаврилов го извадил тешко ранетиот претседател од "мерцедесот" и во чаршав го ставил во " БМВ"-то, чии гуми биле разнесени од детонацијата. Потоа го одвезол во Градската болница.
На 20 февруари 1998 година на падините на Водно во близина на кругот на МВР беше најдена мртва Тања Павловска, стенограф во Управата за оперативна техника и прислушување, во Министерството попозната како петта управа. Павловска имала една огнострелна рана во челото според официјалната верзија, а дури три според лица кои биле присутни на увидот. Официјално случајот за кратко време бил "расветлен", поточно забошотен, со тоа што полициската екипа што вршела увид констатирала дека станува збор за самоубиство и покрај сведоштвата дека Павловска имала три огнострелни рани.
Скопјанецот Милорад Михајловски почина под сомнителни околности, откако дал изјава во својство на сведок во врска со атентатот врз претседателот Киро Глигоров. Михајловски бил најден мртов во неговиот дом на улицата Владимир Комаров број 4, во скопската населба Остров, а еден ден пред тоа дал исказ за атентатот. Неговата сопруга Надица го нашла починат во нивниот стан. Како што дознаваме, смртта кај Михајловски е чудна, бидејќи тој претходно немал никакви срцеви тегоби ниту проблеми со здравјето. Михајловски работел како инспектор во Управата за државна безбедност и контраразузнавање во станицата "Бит-пазар". Откако се случил атентатот врз Глигоров, тој под чудни околности заминал од МВР.
Во февруари 1996 година беше уапсен Наип Лесковица од скопското село Грчец, човекот што му го подари блиндираниот "мерцедес" на Киро Глигоров. Лесковица, брат на Аслан Нуиши, бил уапсен заедно со уште едно лице и бил брутално претепан од кривопаланечката полиција. Тој бил испрашуван за неговите односи со претставникот на бугарската компанија "Мултигруп" во Скопје, Иво Јанчев, потоа за познанствата со Жељко Ражњатовиќ- Аркан и Петрит Аме. Летото 1996 година Лесковица загинал во "сообраќајна несреќа" на патот Гостивар-Тетово. Со него во автомобилот бил и Петрит Аме, кој во "несреќата" не добил ниту модринка.
И скопскиот контроверзен бизнисмен Спирос Куцурелос, кој беше доведуван во врска со атентатот, беше најден мртов во неговиот дом. Според полицискиот извештај, Куцурелос се самозастрелал
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа