Се реконструира улицата „18“ во општина Ѓорче Петров
Почна поставувањето нова водоводна и канализациска мрежа на улицата „18“ во населбата Даме Груев, во општина Ѓорче Петров.
Градежните работи ги изведуваат екипи на компанијата „Енергомонт“.
По поставување на подземната инсталација, општина Ѓорче Петров соопшти дека ќе бидат асфалтирани 120 метри на ова улица, која е широка 3,5 метри.
Реконструкцијата ќе чини два милиони и двесте денари, средства обезбедени преку проектот „Декада на Ромите“.
Според општина Ѓорче Петров, улицата целосно треба да биде реконструирана за 60 дена
Оцени ја веста
05.05.2015 - 18:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа