И утре ќе имаме топло време
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло, а до крајот на денот ќе има локално зголемување на облачноста.
Дневната температура ќе се движи од 29 до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје времето ќе биде исто така сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 32 степени.
Оцени ја веста
05.05.2015 - 18:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа