Груевски: МВР во ниеден момент не прикривало, сторителот е осуден на 14 години затвор

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, во своето гостување на вестите на Канал 5 телевизија зборуваше за синоќешните насилни протести.

 

-Вчера имаше два настани, прес-конференцијата на Зоран Заев на која ги емитуваш креираните и сечени материјали, а втор настан беа попладневните протести. За првиот настан сакам да кажам дека колку и да се трудел да ги монтира и лепи разговорите, да прикаже дека сакаме да криеме нечие убиство, ако граѓаните го слушаа внимателно ќе можеа да забележат дека ако го нема неговиот наратив, се гледаат неколку работи. Во првите моменти МВР навистина не било информирано зашто никој не го пријавил случајот во МВР, вклучувајќи го и семејството. Имаше шпекулации дека МВР крие, а од разговорите пак се гледа дека не биле свесни што се случило. Кога станале свесни реакцијата била што побрзо да се најде сторителот и да се изведе пред суд за да се види брза реакција во однос на наоѓање и казнување на сторителот, истакна премиерот.

 

Тој додаде дека се гледа голема грижа за ова да заврши што побрзо, дека сторителот е најден и дека во исказот го признал делото, но на крај не сакал да потпише, што значи дека во ниеден момент МВР не прикривало, не глумеле дека не знаат.

-Сторителот е осуден на 14 год затвор. Целата теза на Заев е дека властите, МВР и јас лично и другите сме сакале да го сокриеме убиството зашто станувало збор дека тој што убил бил припадник на МВР. Штом МВР открива за што станува збор, лицето е изнесено пред суд и по завршувањето на судењето е добиена казна од 14 год затвор. Сите обиди на Заев со измонтирани материјали да прикаже погрешна слика завршија со неуспех, вели премиерот.

Груевски потенцираше дека протестите се гледаше дека биле планирани и не беа спонтани, истакнувајќи дека дојдоа луѓе со однапред подготвени банери и транспаренти.

-Очигледно некој знаел што ќе емитува, јасно беше дека станува збор за партиски членови и активисти на СДСМ кои се најчести сторители на кривични дела на други настани кои во секоја слична прилика се вклучуваат и прават насилство. Полицијата истрпи многу, луѓето стоеја со штитови неколку саати ги маваа со шипки и клинци за да ги повредат, издржаа огромна и многу тешка ситуација. Треба мирно да се реагира и на начин на којшто ќе биде мудар и демократски и по правилата на демократијата на државите во Европа, а ние сме партија избрана по демократски пат, истакна Груевски.

Премиерот истакна дека на вчерашните протести 38 полицајци се стекнаа со телесни повреди.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега