Пулените на Заев повикуваат на крв и ескалација

Синоќа почна да се остварува црното сценарио кое Зоран Заев подолг период го планира и за кое во јавноста многу се зборуваше.

Јасно се гледа дека целта која ја остваруваат СДСМ и СОРОС, а тоа е дестабилизација на Македонија, граѓанска војна, целта Македонец да удри Македонец, е во лична корист на опозицискиот лидер.

Заев на овој начин сака да ја прескокне волјата на народот и да дојде на власт без избори, а за таа цел е подготвен да направи буквално се.

Колку опозицијата и нејзините главни пулени се подготвени за насилство и немири сведочат бројни нивни настапи и чекори.

Во Скајп комуникацијата меѓу Зоран Верушевски и уште еден уапсен за „Пуч“, јасно беше наведено дека се подготвува граѓанска војна.

Сашо Ордановски повикува на крв по улиците, Бранко Героски бара ескалација на состојбата, а во последната колумна Фрчкоски посакува Македонците да се испоубијат меѓу себе само за да може да се предизвика реакција на меѓународниот фактор.

Од друга страна, додека Зоран Заев се подготвува за граѓанска војна и го турка народот против себе, додека втурнува партиски активисти во немири на улица, семејството на лидерот на опозицијата ужива во луксузно место во Швајцарија. Веројатно во друштво на светските мегапопуларни ѕвезди, бидејќи одмор на оваа локација можат да си дозволат само богаташи.

Во Локарно ужива Ентони Хопкинс, одмор на оваа локација може да си дозволи и пејачката која заработува цело богатство- Кајли Миног, познатиот актер, продуцент и режисер Џон Малковиќ исто така ужива луксуз во Локарно, холивидскиот актер Харисон Форд често го посетува ова место во Швајцарија. И Даниел Крег, попознат како тајниот агент Џејмс Бонд често е на оваа егзотична локација. На локацијата која можат да си ја дозволат Заеви, ужива и мегапопуларната Сузан Сарандон.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега