Полицаец татко на две деца со потрес на мозок во вчерашните протести

Триесет и осум повредени полицајци од кои шест беа задржани на лекување е билансот од вчерашните протести пред Владата.Полицајците пет часа трпеа жестоки удари од бекатонски плочки, шипки, камења, јајца, притоа останувајќи на висината на задачата и професионалноста.

Полицаецот Љупчо Велковски најпрво претпрел два удари со бекатон плочки, но ударот со метална шипка во главата бил доволно силен за тој да падне во безсознание по што добил потрес на мозокот.

-Минута, две бев на земја, притрча колега, ме крена и ме зеде под раце. Потоа ме прифатија уште двајца колеги и ме однесоа до амбулатното возило, па во градската болница, вели полицаецот.

Велковски кој има 25 годишно искуство, а вчера заврши во одделот за интензивна нега, вели дека агресивноста кај младите кои вчера протестирале била огромна.

-Кај овие млади што беа вчера мислам дека и алкохолот многу делуваше, имаше многу алкохол. Инаку немало причина и не им дадовме повод како полиција з така да постапуваат кон нас. Ние долго време ги молевме да престанат. Прво почнаа да удираат со домати и јајца, па почнаа да удираат со пластични шишиња, кога тие се потрошија почнаа со стаклените шишиња. Кога завршија и со тоа почнаа со бекатоните, почнаа и со шипки да маваат, на колега два штита му скршија, додава Велковски.

Тој апелира родителите да влијаат на своите деца и да ја намалат агресивноста бидејќи со неа ништо не се постигнува.

Директорката на ГОБ „СВ. Наум Охридски“, доктор Чабуковска вели дека во болницата кај нив задржани се сеуште уште двајца полицајци. Другите биле пуштени на домашно лекување. Во Ургентниот центар синоќа биле примени и 20 полициски службеници.

Повредените полициски служеници синоќа ги посетија министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на БЈБ Митко Чавков.

По протестите, демонтрантите оштетиле и седум службени возила, а од полициската опрема оштетени се 22 штита, 5 шлемови, еден елек, штитник за нога и една радиоврска. Освен тоа нанесена е штета на фасадата на Владата на Република Македонија, но демолирани се и стаклата на објектот на Радио Слободна Македонија.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега